НАЈМНОГУ СТРАНСКИ ФИЛИЈАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОД АВСТРИЈА

Во 2024 година, 3 2801 или 4,7 % од претпријатијата во деловниот сектор биле странски филијали – домашни претпријатија контролирани од странство, објави Државниот завод за статистика.
 
Странските филијали ангажираат 24,2 % од вкупно вработените и создаваат 37,0 % од вкупната бруто-додадена вредност.

Најголемо учество во додадената вредност на домашните претпријатија контролирани од странство имаат секторите Преработувачка индустрија со 35.3 %, Информации и комуникации со 16,7 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 11,5 %.
 
Странските филијали се контролирани, главно, од европските земји, т.е. 92,8 %, земјите членки на ЕУ контролираат 44,6 % од странските филијали, во кои се ангажирани 62,8 % од вработените и учествуваат со 61,9 % во додадената вредност. 

Економски најважните странски филијали се под контрола на Австрија со учество во додадената вредност од 17,4 %, Холандија со 11,0 %, Германија со 9,7 % и Обединетото Кралство со 9,0 %


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано