НАЈМНОГУ СЛОБОДНИ МЕСТА ВО СЕКТОРОТ ЗА СМЕСТУВАЊЕ  И ПОСЛУЖУВАЊЕ ХРАНА

Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува  2,07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика. 

Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,28 проценти.

Највисока стапка на слободни работни места од 4,94 проценти има во секторот Сместување и послужување храна. Во овој сектор работните места најчесто бараат тешка физичка работа и се со ниски плати. Најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,15 проценти.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 3,05 проценти. 


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано