Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во првиот квартал годинава изнесува 1 998.3 милиони евра и бележи пораст од 3.6 проценти во однос на првиот лвартал од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, во периодот јануари – март годинава, изнесува 2 788.3 милиони евра, за 0.5 проценти повеќе во однос на истиот перод лани, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари – март годинава според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу сме тргувале со Германија (+1,8 проценти), Велика Британија (+52,7 проценти), Кина (-2,5 проценти), Грција (-5,2 проценти) и Србија (-8,1 проценти), кои учествуваат со 49.8 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.6 проценти во вкупната размена.Најголем пад во размената имаме со Унгарија (-10,8 проценти).
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.
Фото Економија и бизнис







