Најевтиниот билет за третиот натпревар од НБА-финалето чини 9.000 долари

Њујорк ноќеска го победи Сан Антонио со 105:104 на гостински терен во вториот натпревар од финалето на НБА. Никс поведоа со 2:0 во серијата. Третиот натпревар ќе се одржи во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Според „ESPN“, најевтиниот билет за третиот натпревар чини 9.000 долари. Најскапиот билет ќе чини 45.000 долари.

Третиот натпревар ќе се одржи во вторник, 9 јуни. Почетокот е во 2:30 часот по македонско време.

Тимот на Њујорк никс е третиот тим во историјата на најсилната кошаркарска лига којшто финалната серија ја почнал со две гостински победи. 

фото: Економија и бизнис
извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано