НА АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗИ ГОЛЕМ ПАД НА АКЦИИТЕ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ КОМПАНИИ

На денешното отворање на американските берзи, акциите беа во голем пад, пред сè под негативното влијание на технолошкиот сектор.

Најголем пад на акциите е забележан кај производителите на чипови и компаниите поврзани со развојот на вештачката интелигенција, а се прошири од азиските пазари на европските и американските пазари, објави CNN.

Акциониот индекс Dow Jones порасна за повеќе од 66 поени, или 0,1 процент, S&P 500 за 1,1 процент, а Nasdaq за дури 1,7 проценти.

На американскиот пазар, компаниите од секторот за производство на полупроводници беа меѓу најголемите губитници.

Аналитичарите проценуваат дека ова е корекција по неколкумесечен силен раст на акциите на компаниите кои профитираа од инвестицискиот бран поврзан со вештачката интелигенција.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано