НА 1 ЈУЛИ ПОЧНУВА ПРИМЕНАТА НА ГОЛЕМАТА ЦАРИНСКА РЕФОРМА ВО ЕУ, се укинува ослободувањето од царина за малите пратки

На 1 јули стапува во сила голема реформа на царинските правила на Европската Унија. Главната промена е укинувањето на ослободувањето од царина за пратки со мала вредност до 150 евра. Ова значи дека сите комерцијални стоки увезени во ЕУ ќе подлежат на царина, без разлика на нивната цена. За да се поедностави процесот за огромниот број пакети со мала вредност, ЕУ воведува привремена фиксна царинска давачка од 3 евра. Сепак, клучна поента што збуни многумина е тоа што таксата не мора да се однесува на секој поединечен производ, туку на секоја царинска категорија во рамките на пратката.

Ана Кнежевиќ, претседателка на Здружението на потрошувачи во Хрватска наведува дека царината е три евра по производ, а не по пакет.

„Сè што е во нашиот пакет. Објаснето беше дека за истите артикли ќе се плаќа една царина, а за различните ќе се додаваат по три евра. Ако има три идентични маички, ќе платиме три евра, а за останатите по три евра. Ќе видиме како ќе функционира во пракса, но не е логично – ако се плаќа по артикли, тогаш претпоставувам дека треба да се плати за секој артикл. Целта на царината е да се заштити трговијата во рамките на ЕУ и да се намалат купувањата од кинескиот пазар“, вели таа, пренесува Н1.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано