МАВРИЦИУС ИЗДАВА „ЗЛАТНА ВИЗА“ ЗА МИЛИОН ДОЛАРИ, програмата предвидува привлекување на 100 инвеститори годишно

Маврициус сè повеќе се позиционира како дестинација за глобални инвеститори кои бараат стабилност и раст. Маврициус, втората најбогата и најмирна земја во Африка, официјално ја започна програмата „златна виза“ од милион долари, чија цел е привлекување богати инвеститори од целиот свет.

Со програмата се бара инвестиција од 1 милион долари во рок од 12 месеци од пристигнувањето.

Земјата е втора најбогата во Африка, додека економијата успешно се трансформираше во последните децении од зависност од производството на шеќер во дејности од финансии, туризам и индустрија.

Благодарение на политичката стабилност, ниското ниво на конфликти и високото ниво на безбедност, Маврициус е прогласена за најмирна земја во Африка 18-та година по ред, заземајќи го 26-тото место на глобалната листа.

Програмата, која беше одобрена во април, предвидува виза за повеќекратен влез до две години, со можност за продолжување доколку инвеститорите продолжат да инвестираат.

Планирано е да се привлечат околу 100 инвеститори годишно, особено во секторите финансиски технологии, вештачка интелигенција, биотехнологија и обновливи извори на енергија.

Маврициус веќе нуди и други модели на престој за инвеститорите, вклучувајќи постојан престој со инвестиција во недвижнини од 375.000 долари, како и работни дозволи за претприемачи со почетна инвестиција од 50.000 долари, пренесува Бизнис.рс.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано