Макстил го продолжува стратешкото партнерство со СОС Детско село за стабилна грижа и поддршка на децата

Макстил и СОС Детско село потпишаа продолжување на Договорот за стратешко партнерство, потврдувајќи ја заедничката заложба за долгорочна поддршка на децата и младите без родителска грижа. Соработката, започната во 2024 година, продолжува со грижата за една од кумските куќи, чиј клучен поддржувач е Макстил. Со тоа компанијата придонесува за потребите на семејството и за создавање безбедна, топла и поттикнувачка средина за раст и развој.

„Овој договор e потврда на нашата долгорочна посветеност за поддршка на децата и заедницата. Во изминатиот период заедно со СОС Детско село изградивме партнерство засновано на доверба, заеднички вредности и убедување дека секое дете заслужува да расте во безбедна и стабилна семејна средина. Веруваме дека општествената одговорност има најголема вредност кога е искрена, континуирана и насочена кон создавање долгорочни позитивни промени. Токму затоа остануваме посветени на обезбедување подобри можности и посигурна иднина за децата на кои им е потребна поддршка“, изјави Марија Дуковска-Павловска, генерална директорка на Макстил.

Договорот обезбедува стабилност за згрижувачката куќа и помага во покривањето на потребите на семејството и одржувањето на домот. Партнерството воедно ја поврзува деловната заедница со мисијата на СОС Детско село – на децата без родителска грижа и на оние во ризик да им обезбеди припадност и услови за посигурна иднина.

„За децата е особено важно да чувствуваат дека некој останува покрај нив. Токму затоа долгорочните партнерства имаат голема вредност за нашата работа. Одлуката на Макстил е потврда на заедничката посветеност кон безбедна средина, квалитетни услови и можности секое дете да го развие својот потенцијал. Благодарни сме што имаме партнер кој ја разбира важноста на долгорочната посветеност и придонесува кон посилна и погрижлива заедница“, изјави Јулијана Накова-Гапо, националната директорка на СОС Детско село.

Соработката со СОС Детско село е дел од определбата на Макстил општествената одговорност да ја претвора во конкретни и одржливи иницијативи. Компанијата реализира проекти во јавното здравје, здравиот детски развој, заштитата на животната средина и помошта на ранливите категории. Ова партнерство има посебно место во тие заложби, бидејќи директно ја зајакнува стабилноста на едно семејство и создава услови за раст со внимание, сигурност и перспектива.

Повеќе од истиот автор

Најчитано