Македонија изгубила околу 230.000 жители поради иселување – недостигот од работна сила станува сѐ поголем

Според анализата на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, Македонија се соочува со сериозна демографска криза која директно влијае врз економскиот развој и пазарот на трудот.

Меѓу двата пописа, од 2002 до 2021 година, земјата изгубила околу 185.000 жители, а анализите покажуваат дека околу 230.000 лица се иселиле во странство. Истовремено, од 2019 година Македонија бележи негативен природен прираст, додека наталитетот постојано опаѓа, а смртноста расте.

Авторот предупредува дека намалувањето на работоспособното население ќе го ограничи потенцијалот за економски раст, бидејќи човечкиот капитал претставува еден од најважните, но и најограничените ресурси за развој на државата.


Целата анализа прочитајте ја на ЛИНКОТ

Повеќе од истиот автор

Најчитано