Според анализата на директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, Македонија се соочува со сериозна демографска криза која директно влијае врз економскиот развој и пазарот на трудот.
Меѓу двата пописа, од 2002 до 2021 година, земјата изгубила околу 185.000 жители, а анализите покажуваат дека околу 230.000 лица се иселиле во странство. Истовремено, од 2019 година Македонија бележи негативен природен прираст, додека наталитетот постојано опаѓа, а смртноста расте.
Авторот предупредува дека намалувањето на работоспособното население ќе го ограничи потенцијалот за економски раст, бидејќи човечкиот капитал претставува еден од најважните, но и најограничените ресурси за развој на државата.
Целата анализа прочитајте ја на ЛИНКОТ








