Изминатата недела, Скопје беше центар на престижната регионална конференција „MicroBalkans 2026 | Lending Reimagined“, која се одржа во хотелот „Holiday Inn“ во Скопје. Настанот беше организиран од Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со алијансите од Западен Балкан и собра многу водечки експерти, регулатори, финтек компании и инвеститори од регионот. На овој настан, меѓу клучните говорници беше и Заменик-главната директорка на М КЕШ Македонија, Бјанка Катру.
Како компанија што активно го поддржува развојот на финансискиот сектор и регионалната соработка, М КЕШ – како дел од Management Financial Group (MFG) – гордо застана зад овој самит како поддржувач и учесник. Особен интерес меѓу присутните предизвика панел-дискусијата насловена „Жените што го реобликуваат кредитирањето на Балканот“, на која Катру ги сподели своите длабоки професионални увиди, искуства и лидерски лекции.

Лидерството како прашање на квалитет, а не на пол
Отварајќи го своето обраќање, Катру ја нагласи важноста од меѓусебната инспирација и соработка во индустријата, надоврзувајќи се на сопствениот професионален пат кој се градеше токму во рамките на М КЕШ – од раководење со човечките ресурси до највисоките извршни позиции во компанијата.
Одговарајќи на централното прашање за влијанието на жените во индустријата, таа истакна:
„Кога повеќе жени имаат реална моќ да носат одлуки, не мислам дека индустријата станува повеќе „женска“.Таа станува посилна и побогата, бидејќи носиме различни перспективи, начини на размислување и лидерски стилови. Целта не е жените да го најдат своето место во „машкиот свет“, туку да изградиме деловен свет каде што лидерството не е прашање на пол, туку на квалитет.“
Низ динамичната дискусија, Катру се осврна на транзицијата од секторот за човечки ресурси кон пошироките деловни функции, истакнувајќи дека токму таа промена го дефинирала нејзиниот поглед кон менаџментот:
„ЧР ме научи како да ги разберам луѓето – што ги мотивира и што им е потребно за се пронајдат во компанијата. Подоцна, кога станав одговорна за резултатите, сфатив дека лидерството не е избор меѓу луѓето и резултатите. Една одлука може да изгледа совршена на хартија, но ако вашите луѓе не ја поддржат, таа нема да функционира во реалниот живот. Бројките покажуваат како стои бизнисот, но луѓето одлучуваат колку далеку може да стигне тој бизнис.“

Таа додаде дека за успех во кариерата не е доволно само да се извршува добра работа, туку неопходна е видливост, проактивност и храброст самите да си креирате можности, наместо само да чекате некој друг да ве забележи.
Зборувајќи за сопствениот лидерски стил кој се темели на јасна насока, високи стандарди и емпатија, Катру децидно нагласи дека емпатијата во никој случај не претставува слабост:
„Можете да ги разберете луѓето и сепак да донесувате тешки одлуки. Силниот лидер не создава следбеници, туку создава други силни луѓе кои размислуваат, преземаат одговорност и растат.“
Споделувајќи ја својата лична лекција за преодот од фазата во која сама ги решавала сите проблеми до фазата на делегирање, таа истакна дека грижата за сопствената енергија е врвна професионална одговорност:
„Сфатив дека не мора да бидам достапна 24/7 и научив да кажам НЕ. Денес мојата вредност како лидер не ја мерам по тоа колку работи сум решила сама, туку по тоа колку луѓе сум помогнала да станат доволно силни за да ги решат тие работи без мене.“
Поглед кон иднината: Каде ќе биде индустријата за пет години?
Осврнувајќи се на иднината на финансискиот сектор и застапеноста на жените на раководни позиции во следните пет години, Катру изрази голем оптимизам со посебна доза на хумор:
„Ако продолжиме вака, можеби за пет години нема да прашаме „Каде се жените?”, туку „Каде се мажите?”. Вистинскиот напредок ќе дојде кога гледањето жена на врвна позиција нема да биде нешто посебно, бидејќи на крајот сè се сведува на квалитет.“
Конференцијата заврши со инспиративна порака упатена до сите присутни:
„Се надевам дека инспириравме барем една жена во оваа просторија да верува повеќе во себе, да биде похрабра и да го направи следниот чекор, бидејќи понекогаш еден разговор е сè што е потребно за да започне промена.“

Во кратки црти сподлеуваме како течеше дел од дискусијата:
- Инстинкт или податоци? Податоци,поддржани од инстинкт.
- Брзина или совршенство? И двете. Брзината е клучна бидејќи бизнисот не чека, но брзината без квалитет е скапа.
- Вработување за искуство или потенцијал? Потенцијал. Искуството се стекнува, потенцијалот се развива.
- Барање дозвола или прошка? Барање прошка – верувам во иницијатива.
- Рамнотежа меѓу кариера и семејство? Можна, но никогаш совршена. Станува збор за приоритети и свесни избори во дадениот момент.
Како круна на нејзината филозофија останува нејзиното животно мото:
„Знаењето дава моќ, но однесувањето создава почит! “
(комерцијална објава)








