Imlek Impact и Дарио Ивановски заедно кон следното ниво

Новото партнерство ги обединува дисциплината, континуитетот и желбата да се направи вистински Impact
Imlek Impact и Дарио Ивановски заедно кон следното ниво

Imlek Impact го најавува почетокот на партнерството со Дарио Ивановски, најдобриот македонски маратонец и еден од најуспешните македонски атлетичари.

Партнерството ги поврзува Дарио и Impact околу вредности што им се заеднички – дисциплина, посветеност, истрајност и постојано поместување на сопствените граници.

Зад секој голем резултат стојат многу мали, секојдневни одлуки. Да се појавиш на тренинг и кога е тешко. Да останеш доследен на својата рутина. Да дадеш уште малку од себе тогаш кога целта бара повеќе. Токму оваа посветеност е основата на спортскиот пат на Дарио, но и суштината на филозофијата на Impact – дека следното ниво не се постигнува со еден голем чекор, туку со секој тренинг што не го прескокнуваш.

„Соработката со Imlek Impact дојде многу природно, бидејќи Impactбеше дел од мојата рутина уште пред да започнеме да ја градиме оваа заедничка приказна. Во периодите на интензивни подготовки и по тренинг, најчесто ги избирам Impact протеинскиот пудинг со вкус на солена карамела и протеинскиот шејк со вкус на чоколадо. Во спортот не постојат кратенки – зад секој резултат стојат дисциплина, континуитет и секојдневна посветеност. Токму затоа ми е драго што со Impact споделуваме иста филозофија: да не го прескокнуваме патот до целта и секогаш да бидеме подготвени за следното ниво“, изјави Дарио Ивановски.

Impact, како линија на готови протеински производи, природно се вклопува во активното секојдневие и рутината на луѓето кои не ги прескокнуваат своите цели – по тренинг, во движење или секогаш кога им е потребна практична протеинска ужина.

Со ова партнерство, Дарио Ивановски и Imlek Impact започнуваат заедничка приказна чија цел не е само да зборува за посветеноста и успехот, туку да создава вистински Impact – на патеката и надвор од неа.

Првиот заеднички предизвик следува на 4 октомври, на Wizz Air Скопски маратон 2026. Дарио се враќа на патеката на која минатата година ја оствари својата втора победа на Скопскиот маратон, подготвен повторно да го даде својот максимум, да го надгради победничкиот резултат и да стигне до следното ниво.

На патот до новиот успех ќе му биде потребна и најсилната поддршка од публиката. Затоа, Imlek Impact ги повикува сите љубители на спортот да ни се придружат покрај патеката и заедно да навиваме за Дарио.

Посетителите ќе ги очекуваме во Imlek Impact зоните, каде што ќе можат да се опремат со навивачки реквизити и да станат дел од енергијата што ќе го следи Дарио до целта.

Да го поддржиме Дарио да стигне до следното ниво. Да направиме Impact – заедно!

Повеќе од истиот автор

Најчитано