КРОАЦИЈА ЕРЛАЈНС ДОПОЛНИТЕЛНО ГИ НАМАЛУВА ЛЕТОВИТЕ ДО СКОПЈЕ И САРАЕВО

„Кроација ерлајнс“ дополнително го намали бројот на летови на своите линии од Загреб до Скопјe и Сараево.

Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе работи во просек по седум летови неделно до Скопјe, во споредба со девет летови неделно во истиот месец минатата година, додека ќе работи во просек од девет до десет летови неделно до Сараево, во споредба со единаесет минатата година.

Авиопревозникот ја намалува фреквенцијата на летови на двете линии уште од зимската сезона, а направи и прелиминарни намалувања за претстојната зима. Можни се дополнителни прилагодувања, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано