Британскиот премиер Енди Бурнам денес предупреди дека Обединетото Кралство се соочува со „економска катастрофа и морален неуспех“ поради речиси милион млади луѓе кои не се во образование, вработување или обука.
Бурнам истакна дека владата треба да инвестира во иднината на младите Британци, наместо да ги компензира последиците од нивната невработеност со средства од системот за социјална помош.
„Социјалната помош ќе стане крајна мрежа за безбедност, а не почетна точка“, напиша Бурнам во текст објавен во утринското издание на „Тајмс“.
На крајот од оваа недела се очекува британската влада да презентира планови за отворање илјадници нови можности за вработување за млади луѓе, додека Конзервативната партија ја опиша сегашната стратегија на владата во оваа област како „катастрофа“.
Според најновите податоци од Британската канцеларија за национална статистика, речиси еден милион млади луѓе на возраст од 16 до 24 години не се вклучени во образование, вработување или стручно оспособување.
„Ова е економска катастрофа и морален неуспех и тоа мора да се промени“, рече Бурнам.
Тој изјави дека долгорочните ограничувања за време на пандемијата на ковид-19, негативното влијание на социјалните мрежи врз самодовербата и чувството на припадност на младите луѓе, како и образовниот систем кој е премногу фокусиран на универзитетско образование, придонеле за кризата.
Тој ги издвои недостатокот на можности на пазарот на трудот и неуспесите на претходните влади како дополнителни причини, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис








