КРАЛОТ НА МАРОКО ИМЕНУВАШЕ ГЛАВЕН АВТОПАТ ВО САХАРА ПО АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД ТРАМП

Мароканскиот крал Мохамед VI потврди дека еден од најважните патишта во земјата е именуван по американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп му се заблагодари на кралот за честа на социјалните мрежи минатата недела, но во тоа време немаше официјална потврда од мароканските власти. Сега, државната новинска агенција на Мароко објави писмо што кралот го испратил до американскиот претседател, во кое тој рекол дека преименувањето на автопатот е „личен израз на голема почит“.

Автопатот Тизнит-Дахла поминува низ Западна Сахара, област над која Мароко тврди дека има суверенитет. Дел од областа, сепак, е контролиран од Фронтот Полисарио, вооружено движење кое се залага за независност на домородниот народ Сахрави.

Америка го признава суверенитетот на Мароко над спорната територија.

Соединетите Американски Држави го признаа суверенитетот на Мароко над спорната територија за време на првиот претседателски мандат на Трамп во 2020 година. За возврат, Мароко се согласи да ги нормализира односите со Израел.

Тој го опиша автопатот од 1.055 километри како „стратешка транспортна оска“ што ги поврзува северот и југот на Мароко. Мароко ја нарекува Западна Сахара свои „јужни провинции“.

Западна Сахара, поранешна шпанска колонија, е предмет на еден од најдолгите конфликти во Африка веќе пет децении. Обединетите нации ја сметаат областа за „несамоуправна територија“ и со години се обидуваат да најдат решение за спорот, вклучително и одржување референдум за одлучување за нејзината иднина. Такво гласање никогаш не се случило.

Африканската унија ја признава независноста на Западна Сахара. Повеќето европски земји до неодамна избегнуваа да заземат страна во спорот, но некои, вклучувајќи ги Обединетото Кралство и Шпанија, го поддржаа планот на Мароко да ѝ даде автономија на Западна Сахара, но не и целосна независност, пренесува Индекс.хр.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано