Компаниите сепак ги градат луѓето“, вели директорот на Пивара Скопје

За Пивара Скопје најголем капитал се луѓето, а создавањето средина во која вработените ќе сакаат да останат и да се развиваат е клучно за привлекувањето таленти, вели генералниот директор Огњен Лазиќ.

Тој посочува дека 96% од вработените во интерните истражувања изјавиле дека се горди што се дел од Пивара Скопје.

„Нашата задача сега е тој капитал да го претвориме во уште поголема продуктивност, профитабилен и одржлив раст и долгорочна вредност“, вели Лазиќ, во интервјуот за Економија и бизнис.

Компанијата, според него, инвестира во обуки, менторство, меѓународни развојни програми и планирање на кариерата.

„Фабриките, технологијата и брендовите се важни. Но, компаниите сепак ги градат луѓето“, истакнува Лазиќ.


Целото интервју можете да го прочитате на ЛИНКОТ

Повеќе од истиот автор

Најчитано