КИНА ГИ ЗГОЛЕМИ РЕЗЕРВИТЕ НА ЛИТИУМ ЗА 70 ПРОЦЕНТИ СО НАОЃАЛИШТЕ ВО „АЗИСКИОТ ЛИТИУМСКИ ПОЈАС“

Кина ја зголеми ресурсната база на големото наоѓалиште на литиум Џијаода во југозападната покраина Сечуан за околу 70 проценти.

Ова ги донесе вкупните регистрирани ресурси на наоѓалиштето на 2,53 милиони тони еквивалент на литиум карбонат (LCE), објавија кинеските медиуми.

Околу 1,05 милиони тони еквивалент на литиум карбонат се регистрирани во рудникот за литиум Џијада, што дополнително ќе го зајакне потенцијалот на земјата за долгорочно снабдување со литиум, кој е клучна суровина во производството на батерии за електрични возила и системи за складирање на енергија, објавува „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Новооткриените ресурси вклучуваат 33,52 милиони тони руда што содржи приближно 423.800 тони литиум оксид и претставува зголемување од 70,5 проценти во однос на претходно регистрираните 1,48 милиони тони LCE.

Се проценува дека почетната рударска зона, за која е одобрен експлоатациски капацитет од 2,6 милиони тони руда годишно, со полн капацитет би можела да произведе околу 50.000 тони литиум карбонат годишно.

Наоѓалиштето Џиада се наоѓа во голем литиумски појас што ги вклучува областите Западен Кунлун, Сонгпан и Гарзе, кој е долг околу 2.800 километри.

Кинеските геолози го нарекуваат регионот „Азиски литиумски појас“, а тој претставува една од најважните области за експлоатација на литиум од тврда карпа во Кина.

Кина, според податоците од Кинескиот геолошки завод, го зголемила својот проценет удел во светските резерви на литиум на 16,5 проценти на почетокот на 2025 година, заземајќи го второто место во светот.

И покрај значителните домашни ресурси, Кина останува зависна од увоз.

Според Кинеското здружение на индустријата за обоени метали, околу 60 проценти од снабдувањето на Кина со литиумски ресурси во 2025 година доаѓа од странство. Кина увезува литиум од Австралија, Зимбабве и Бразил, додека Чиле и Аргентина се главни извори на увезен литиум карбонат, пренесува Б92.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано