Касапинов: ЕСГ не е тренд, туку наш стратешки избор

Тихомир Касапинов, менаџер за одржлив развој, менаџмент системи и проектен менаџер

Тихомир Касапинов, менаџер за одржлив развој, менаџмент системи и проектен менаџер, во ТИКВЕШ

За нас, во Тиквеш, ЕСГ не е нов тренд, туку фундаментален аспект на нашиот идентитет, стратешка определба и патоказ. Ние ја гледаме формализацијата на овие стандарди како процес на систематизирање на обврските кои отсекогаш ги негуваме.

Во современото деловно опкружување, темите поврзани со животната средина, со општествената одговорност и со корпоративното управување (ЕСГ) стануваат сè поважни за долгорочната одржливост на компаниите.

Тиквеш реши да изработи ЕСГ-извештај како дел од стратешка промена, препознавајќи дека интеграцијата на овие аспекти во деловниот модел не е само форма на усогласеност со законските барања туку и средство за стекнување конкурентска предност.

Компанијата започна со ЕСГ-извештај пред три години, базиран на меѓународните ГРИ-стандарди, на ЦСРД (Corporate Sustainability Reporting Directive), на Директивата за корпоративно известување за одржливост и на Целите на ОН за одржлив развој.

Иако доброто корпоративно управување отсекогаш е практика во работењето на Тиквеш, двигател за вклучувањето на ЕСГ-стратегијата во работењето на компанијата е приклучувањето во ИВЦА (IWCA) − Интернационалните винарии за климатска акција. Оваа иницијатива се залага за намалување на стакленичките гасови на глобално ниво до 2050 година. Со нашето залагање за подобрување во овој дел, Тиквеш навлегува и во еколошкиот дел на ЕСГ.

Тиквеш во моментов има статус на сребрен член, со верифицирани ГХГ-емисии на стакленички гасови, што ја зацврстува нашата посветеност за придонес во решавањето на климатските промени − кое е критично прашање за винарската индустрија.

Повеќе од истиот автор

Најчитано