Вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, свечено го пуштивме во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, во присуство на амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски.
Овој проект произлезе од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер.
Од договорена соработка до светлина што вечерва ја гледаме сите – така се гради пријателство што остава трага.
Од срце им благодарам на Општина Есенлер и на Мехмет Тевфик Гоксу, на Халк Банка и Фатих Шахбаз, како и на Ајдован Адемоски, за поддршката и придонесот.
Заедно испишуваме уште една убава страница во пријателството меѓу Македонија и Турција, објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, на својот профил на социјалните мрежи.
Фото Орце Ѓорѓиевски








