КАКО ДА СЕ НАМАЛИ ТРОШОКОТ ЗА ГОРИВО, НАВРЕМЕНОТО МЕНУВАЊЕ НА БРЗИНИ  ЈА НАМАЛУВА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ГОРИВО

Растечките цени на горивата повторно ја ставаат потрошувачката на автомобили во преден план, а начинот на кој возите може значително да ги намали трошоците за гориво. Неколку едноставни промени можат да му помогнат на вашиот автомобил да троши помалку гориво, особено на подолги патувања.

Една од најважните препораки се однесува на навремено менување на брзините. Префрлањето во поголема брзина порано и намалувањето во помала брзина подоцна може да ја намали потрошувачката на гориво.

Се препорачува да се префрли во поголема брзина веќе при помал број вртежи, пред моторот да почне да се мачи или да „тресе“ во возење.

Оптималниот опсег е наведен дека е помеѓу 1.500 и 2.500 вртежи во минута. Во таа област, потрошувачката на гориво и оптоварувањето на моторот може да бидат помали.

Секако, соодветниот момент за менување на брзина зависи и од самиот автомобил, моторот, оптоварувањето и условите на возење.

Германската експертска организација TIF препорачува возење на автопат со брзина што одговара на приближно 70 до 80 проценти од максималната брзина на автомобилот, но не повеќе од 130 километри на час.

Ова правило особено важи за помалите автомобили со послаби мотори. Така, според таа пресметка, автомобил со максимална брзина од 150 километри на час треба да се вози помеѓу 105 и 120 километри на час.

Покрај брзината, помирното возење без нагло забрзување и сопирање може дополнително да придонесе за помала потрошувачка на гориво, пренесува Блиц бизнис.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано