ИЗМЕНИ ВО ПРЕСМЕТКИТЕ НА ПЛАТИ ЗА ПЕРИОДОТ ЈУНИ-ДЕКЕМВРИ 2026 – со зголемува стапката за ПИО, а во ист обем се намалува стапката за придонесот за вработување

Предлог Закон: Платите за периодот ЈУНИ-ДЕКЕМВРИ 2026 година да се пресметуваат со зголемена стапка за ПИО и во ист обем со намалена стапка за придонесот за вработување

Денес, 25 јуни 2026 година) двете Собраниски комисии (71 седница на Комисијата за финансирање и буџет и 180 седница на Законодавно-правната комисија) на Собранието на МКД го усвоија и ги проследија на донесување до Собранието на Македонија Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка.

Во насока на зајакнување на финансиската стабилност на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, во услови кога Агенцијата за вработување има вишок на акумулирани депозитни средства, потребно е времено да се ревидира висината на стапката по која се плаќа придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и придонесот за осигурување во случај на невработеност. Имено, се предлага зголемување на стапката на придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување, и истовреемено намалување на стапката на придонесот за осигурување во случај на невработеност.

На тој начин, со преодното решение ќе се изврши реструктуирање на приходите од придонеси од задолжително социјално осигурување во Буџетот на Република Македонија, а без притоа да се промени вкупната стапка на придонесите кои се плаќаат при исплата на плата на вработените.

Збирната стапка на поединечните стапки на придонеси од задолжително социјално осигурување кои работодавачите ќе имаат обврска да ги уплатат за своите вработени ќе остане иста како постојната збирна стапка од 28%, па од тој аспект и трошоците на компаниите по овој основ ќе останат исти.

Според Предлогот поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за платите што се однесуваат за периодот: ЈУНИ – ДЕКЕМВРИ 2026 ГОДИНА би се применувале следните стапки за придонеси применети на бруто платата како основица:

Придонеси за ПИО = 19,9% (наместо 18,8%)

Придонес за вработување = 0,1% (наместо 1,2%)

Придонес за здравство = 7,5% (непроменет)

Придонес за професионално здравство = 0,5% (непроменет)

Збир = 28% (непроменет)

Законот содржи и други важни решенија.

Линк до Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување: https://www.sobranie.mk/preview?id=ad16a04c-8e32-4feb-a056-8213d0fa866c&url=https://sp.sobranie.mk/sites/2023/materials/639177732952545816/Documents/639178911633784661.docx&method=GetDocumentContent

извор: Про Aгенс Агенција – Pro Agens

Повеќе од истиот автор

Најчитано