Италија ја потврди својата позиција како водечка земја во Европа во однос на додадената вредност создадена во земјоделството.
Минатата година учествуваше со 16,9 проценти во вкупната вредност на земјоделскиот сектор во Европската Унија, надминувајќи ги Шпанија, Франција и Германија, според студијата на Banca Popolare dell’Emilia Romagna.
Анализата на италијанскиот земјоделско-прехранбен синџир, објавена од италијанската новинска агенција Ansa, покажа дека овој сектор во Италија создава 89 милијарди евра додадена вредност. Од нив, 46,6 милијарди евра се однесуваат на земјоделството, шумарството и рибарството, додека 42,3 милијарди евра доаѓаат од прехранбената индустрија.
Според студијата, минатата година Италија постигна рекорден извоз, чија вредност надмина 72 милијарди евра, што претставува раст од пет проценти. Сепак, увозот порасна уште побрзо и тоа за 10,5 проценти.
Земјоделскиот пазар во Италија минатата година порасна за девет проценти, на 2,5 милијарди евра, пренесува Бизнис.ба.
Фото Економија и бизнис








