Италија ја потврди својата позиција како најатрактивна туристичка дестинација во Европа. Според резултатите од најновото истражување, 54 проценти од Европејците ја наведуваат Италија како омилена дестинација за следниот летен одмор, по што следуваат Шпанија, која ја избрале 51 процент од испитаниците и Грција со 46 проценти. Околу 41 процент од испитаниците ја избрале Франција како омилена дестинација, по што следуваат Хрватска, која ја избрале 34 проценти од испитаниците, и Велика Британија, каде што 30 проценти од Европејците би го поминале својот одмор.
Атрактивноста на Италија далеку го надминува европскиот просек кај Шпанците, од кои 61 процент изразиле позитивно мислење за дестинацијата, како и кај граѓаните на Полска, јужна и централно-источна Европа.
Италија се смета за најинтересно место за посета, Шпанија за локација со најдобра клима, а Грција за најавтентична дестинација.
Италија, исто така, се смета за втора најдобра земја во однос на квалитетот на сместувањето и како најпријатна туристичка дестинација.
Она што ги привлекува Европејците во Италија се, пред сè, големите историски градови, но и музеите и археолошките локалитети, пренесува Блиц.
Фото Економија и бизнис








