Иран воведува нов механизам за контрола на поморскиот сообраќај преку одредена рута во Ормуската Теснина, што вклучува наплата на такси за „специјализирани услуги“, објави денес високиот ирански функционер Ебрахим Азизи.
Азизи, кој е претседател на парламентарниот Комитет за национална безбедност и надворешна политика, рече дека новиот систем е во согласност со националниот суверенитет на Иран и ќе ја гарантира безбедноста на меѓународната трговија.
Иран, како дел од својот национален суверенитет и гаранција за меѓународната трговска безбедност, подготви професионален механизам за управување со сообраќајот по одредена рута, кој наскоро ќе биде презентиран, додаде тој.
Азизи повтори дека политиката на Иран им дозволува на бродовите што соработуваат со Иран да минуваат низ стратешкиот воден пат и дека на непријателските земји им е забрането да го прават тоа врз основа на новиот механизам.
„За специјализирани услуги што се обезбедуваат во рамките на овој механизам ќе се наплаќаат потребни такси“, истакна Азизи, пренесува Еуроњуз Србија.
Фото Економија и бизнис








