Иран и Оман се согласија за рамката за повторно отворање на Ормуската Теснина, која би траела 60 дена, а би имала за цел да го врати морскиот сообраќај, како и да започне технички разговори за трајно решение во тој период.
Според висок функционер запознаен со ова прашање, кој зборуваше под услов да остане анонимен за Ал Арабија, постигнатиот договор за отворање на Ормуската Теснина би можел да биде објавен во рок од неколку дена.
Според висок функционер, постигнатиот договор меѓу Техеран и Мускат сè уште треба да биде одобрен од Врховниот совет за национална безбедност на Иран.
Според официјалните лица, рамковниот договор предвидува бродовите што влегуваат во Ормуската Теснина да го користат морскиот коридор најблиску до Иран, додека бродовите што го напуштаат теснецот ќе го користат коридорот најблиску до Оман.
Функционерот додаде дека земјите во регионот би можеле да учествуваат во процесот на расчистување на мини од тој воден пат.
Изворот изјави за Ал Арабија дека постојат индиректни разговори меѓу Вашингтон и Техеран преку медијатори, кои влегле во последната фаза, пренесува Б92.
Предложениот договор меѓу Иран и Оман, кој би му дал на Техеран контрола врз бродовите што влегуваат во Персискиот Залив преку Ормуската Теснина, е тешко да се спроведе поради американските санкции и ограничувања што произлегуваат од договорите за осигурување, изјавија денес за Ројтерс извори од индустријата за превоз и осигурување.
Фото Економија и бизнис








