Можноста за долгорочна инфлација во глобалната економија во моментов е главниот страв кај професионалните инвеститори, според резултатите од месечното истражување на Банката на Америка.
Дури 40 проценти од анкетираните менаџери (анкетата е спроведена помеѓу 8 и 14 мај) велат дека најголемиот ризик е поврзан со втор бран на инфлација. Исто така, забележливо е дека нивото на парични резерви кај професионалните инвеститори се намали од 4,3 на 3,9 проценти минатиот месец, што е најголемиот месечен пад од февруари 2024 година (и во исто време прилично песимистички сигнал).
Инвеститорите ја зголемија својата изложеност на инвестиции во акции со рекорден ентузијазам: дури половина од анкетираните менаџери на фондови признаа дека имаат надпросечна изложеност на акции, во споредба со тринаесет проценти претходниот месец, пренесува Сеебиз.
Фото Економија и бизнис






