Илон Маск официјално стана првиот човек во светот чие богатство надмина 1.000 милијарди долари, откако акциите на неговата компанија SpaceX нагло пораснаа по берзанското деби. Цената на акцијата скокна од 135 на над 160 долари, со што пазарната вредност на компанијата надмина два билиони долари.
Инвеститорите денес во SpaceX не гледаат само компанија за ракети и вселенски летови. Покрај лансирањето сателити, компанијата се поврзува и со Starlink, вештачката интелигенција, одбранбената индустрија и идната вселенска инфраструктура, што дополнително ја зголеми нејзината атрактивност на пазарите.
Со новиот раст на богатството, Маск значително се оддалечи од другите милијардери како Џеф Безос, Лери Пејџ, Сергеј Брин и Лери Елисон. Неговото лично богатство сега е поголемо од годишниот бруто-домашен производ на држави како Тајван, Ирска, Шведска и Сингапур.
Аналитичарите оценуваат дека успехот на Маск е резултат на огромните очекувања дека SpaceX може да стане еден од главните столбови на идната вселенска економија – од сателитски интернет и комуникации до воени и цивилни технологии кои допрва треба да го променат светот.








