ХРВАТСКА ГО ПРОДАВА ТИТОВИОТ КОМПЛЕКС ВО КУМРОВЕЦ, на местото ќе се гради хотел

Хрватската влада донесе одлука за продажба на комплексот на Научно-студискиот центар Кумровец и околното земјиште, дел од поранешната Спомен-куќа Кумровец изградена во 1974 година, која се користела и како сместувачки и конгресен центар. Кумровец, како родно место на Јосип Броз Тито, со децении се сметаше за симбол на поранешна Југославија.

Спомен-куќата, заедно со поранешното Политичко училиште, кое исто така беше понудено на продажба неколку пати, беше прогласена за проект од стратешко значење за Хрватска, а од 2023 година ќе управува Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот.

Со одлука на Владата, продажбата на комплексот Научно-студиски центар ќе се изврши преку јавен тендер со собирање понуди, со почетна цена од 2,7 милиони евра, што е вкупната пазарна вредност на недвижниот имот. Целта е да се ревитализира комплексот, да се зајакне туристичката понуда на подрачјето, како и да се спречи пропаѓањето на зградите и нивните трошоци за одржување.

Според просторниот план, подрачјето е наменето за комерцијални и угостителско-туристички цели, односно за хотел. Покрај куповната цена, купувачот ќе биде должен да ги плати трошоците за проценка на недвижниот имот во износ од 2.833 евра, како и трошоците за енергетскиот сертификат од 10.350 евра.

– Спомен-домот бара големи инвестиции за да биде повторно ставен во функција – изјави вицепремиерот и ресорен министер Бранко Бачиќ, објавија медиумите во регионот.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано