Холандските власти одобрија крузерот „Хондиус“ повторно да исплови по дезинфекцијата

Крузерот „Хондиус“, на кој избувна епидемијата на хантавирус, доби одобрение од холандските здравствени власти повторно да исплови по операцијата за чистење и дезинфекција, објавија денеска холандските медиуми.

„Од гледна точка на јавното здравје, повеќе нема никакви пречки „Хондиус“ повторно да исплови на море“, соопшти Агенцијата за јавно здравје во холандското пристаниште Ротердам, по завршната инспекција.

Во соопштението се додава дека за време на проверките, експертите за контрола на инфекции утврдиле дека бродот бил ефикасно исчистен и дека дезинфекцијата била извршена во согласност со утврдените упатства, објави „Стрејт тајмс“.

извор МИА

Повеќе од истиот автор

Најчитано