Грција објавува дека од 1 јули 2027 година, данокот за пренос на станбени недвижности за купувачи кои не се од ЕУ би можел да се зголеми од 3,09 на 15 проценти, но усвојувањето на овој закон сè уште е во тек. Поради оваа најава, голем број на потенцијални купувачи од регионот и Србија ја забрзуваат постапката за склучување на договори пред да стапат новите даночни правила.
За купувачите од Србија, Грција со години е прв избор за инвестирање во недвижности – од станови во Солун до куќи на Халкидики. Сепак, најавата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис дека данокот за пренос на станбени недвижности за граѓани кои не се членки на ЕУ би можел да скокне од 3,09 проценти на дури 15 проценти, отвори клучно прашање: дали периодот на прифатливо купување завршува и што треба да се направи пред да стапат во сила новите прописи?
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја најави оваа промена, но законот сè уште не е донесен, па затоа конечните детали не се познати во овој момент.
Секако ќе има случаи во кои дополнителните трошоци ќе доведат до одложување или напуштање на купопродажбата, но очекуваме дека нивниот број ќе биде значително помал, велат од агенциите за недвижности во Србија, пренесува Курир.
Фото Економија и бизнис








