ГОЛЕМИТЕ НАФТЕНИ КОМПАНИИ ЈА ЗГОЛЕМИЈА ДОБИВКАТА ВО ВТОРИОТ КВАРТАЛ, шест членки на Европската Унија бараат да се размисли за воведување данок на вонредна добивка

Шест од најголемите светски компании за нафта и гас речиси ја дуплираа својата добивка во вториот квартал од 2026 година во споредба со претходниот квартал, покажува анализата на холандската организација „Оксфам Новиб“. Според податоците, овие нафтени гиганти во светот ја зголемија својата комбинирана нето добивка од 23 милијарди долари во првиот квартал на 45 милијарди долари во вториот квартал од 2026 година. Затоа, некои земји побараа од ЕУ да воведе данок на вонредна добивка на нафтените компании.

Шест членки на Европската Унија – Германија, Италија, Австрија, Полска, Португалија и Шпанија, бараат од Брисел повторно да размисли за воведување данок на вонредна добивка на нафтените компании, во време кога високите цени на енергијата вршат дополнителен притисок врз граѓаните и економијата.

Тоа барање повторно го отвори прашањето колку компаниите профитираат во услови на енергетска и геополитичка криза, но и кој на крајот плаќа за високите цени на горивата.

Очигледно дека нафтените компании и трговците со сурова нафта и деривати оствариле значително поголем профит во сегашните околности.

Едно од клучните прашања е како да се дефинира вонредната добивка во пракса, особено кога станува збор за рафинерии, сметаат експертите.

Може да се споредат рафинериските цени во различни периоди за иста цена на сурова нафта.

Бидејќи цената на суровата нафта е иста, а рафинериската цена е значително повисока отколку во претходниот период, разликата може да биде еден од индикаторите за вонредна заработка, пишува Еуроњуз Србија.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано