ГОДИНАВА 200 ПАРАЛЕЛКИ ПОМАЛКУ ВО ОСНОВНОТО И 100 ПАРАЛЕЛКИ ПОМАЛКУ ВО СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА, затворени 26 рурални училишта

Бројот на запишани првачиња досега изнесува значително помалку отколку лани. За годинава досега се запишани околу 14.500 првачиња. Но тоа не е дефинитивна бројка затоа што во тек на целиот месец август и во септември ние дополнително запишуваме првачињата кои задоцниле на повикот за упис во прво одделение. Бројкат е помала од лани на разликата која претходно ја кажав над 4000 веќе се намалува, изјави  Весна Јаневска, мнинистерката за образование.

Оваа учебна година очекуваме да завршиме со бројка од 26 затворени рурални училишта во кои нема упис на првачиња и во кои учат, наводно учат, 5 – 7 – 8 деца, додаде таа. Различна е состојбата во различните училишта. Во моменто имаме околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование. Потенцирам дека тоа се прави со цел да им се овозможи социјализација на учениците и да се подобри квалитетот на образованието. Не сакаме нивно изолирано постоење во одредена рурална средина каде што владеат одредени принципи, па и одредени стереотипи и каде што квалитетот на образованието не може да биде соодветен заради малиот број на ученици. Посебно ако станува збор за комбинирани паралелки каде што ученици од три различни одделенија – колку што со закон е дозволено – па да има 5 ученици – два во прво, еден во трето и два во петоо оделение – нагласи министерката.

Таа објасни дека ако има можност овие деца да се приклучат на поголема група на ученици, тоа и ќе се направи.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано