ГЕРМАНЦИТЕ МАСОВНО АПЛИЦИРААТ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА Е-АВТОМОБИЛИ, владата дава до 6.000 евра за електрични автомобили

Германија забележува огромен интерес за нови субвенции за купување електрични автомобили. Од понеделник, кога започна субвенцијата, до петок наутро, беа примени околу 23.000 апликации, што е речиси 5.000 барања дневно.

Само во текот на првиот ден беа поднесени дури 17.000 апликации, потврди германскиот министер за заштита на природата Карстен Шнајдер.

Според него, владата има најголем интерес за целосно електрични автомобили, а голем број апликации доаѓаат од домаќинства со средни и пониски приходи, пишува ДПА.

Висината на субвенцијата зависи од финансиската состојба на купувачот и цената на возилото. Граѓаните со пониски приходи можат да добијат до 6.000 евра помош, додека оние со повисоки приходи добиваат помал износ на субвенција.

Субвенциите важат и за возила купени од 1 јануари 2026 година.

Програмата се однесува на купување или лизинг на нови електрични автомобили, хибриди и електрични модели со мал бензински мотор за зголемување на дометот.

Важно е да се напомене дека субвенциите важат само за приватни купувачи, па затоа компаниите нема да можат да ја користат државната помош за купување службени автомобили.

Германската влада планира да субвенционира купување до 800.000 возила.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано