Министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, повика на целосна посветеност на сите во енергетскиот сектор во Србија со цел да се одржи безбедноста на снабдувањето во вонредни околности.
Таа истакна дека хидроелектраните на Ѓердап работат со максимум четвртина од својот капацитет, но дека сите генератори се подготвени за работа и секоја капка вода се претвора во електрична енергија, пренесува РТС.
Според неа, приливот во Ѓердап се одржува во координација со романската страна, иако во понеделникот бил на историски најниско ниво од 1.450 кубни метри во секунда.
„Поради нивото на водата на Дунав, ситуацијата е извонредна во трите околни земји. Хидроелектраните на Ѓердап работат со максимум една четвртина од нивниот капацитет, но сите агрегати се подготвени за работа и секоја капка вода се претвора во електрична енергија.
Таа изјави дека вчера цените на електричната енергија на берзата биле повисоки од 500 евра за мегават-час, што не е видено од енергетската криза во 2022 година.
„Сè што не е произведено ќе мора да се плати, затоа е потребно да се планира и следи ситуацијата колку што е можно повеќе со потребната посветеност на сите вработени во енергетскиот сектор“, рече министерката.
Фото Економија и бизнис







