Гацов: Просторот за намалување на давачките на горивата е мал

Во анализата објавена на ФБ, даночниот екперт Павле Гацов вели дека трендовите на движење на цените на горивата во 2026 година се под режимот – портокалово („стрмно зголемување“).

“Бројките не се политичари и ги кажуваат само фактите

(однос меѓу цените на 01.01.2026 и цените на 22.09.2026):

Раст на цените на горивата 22/09/2026 во однос на 01/01/2026 година

1) Еуросуперот БС-95 од 70,5 денари/литар на почетокот на годината, денес изнесува 99 денари/литар; Раст од 40,43%

2) Еуросуперот БС-98 од 72,5 денари/литар на почетокот на годината, денес изнесува 101 денари/литар; Раст од 39,31%

3) Еуродизелот БС од 65 денари/литар на почетокот на годината, денес изнесува 104,5 денари/литар; Раст од 60,77%

4) Екстра лесното ЕЛ-1 од 64 денари/литар на почетокот на годината, денес изнесува 114,5 денари/литар; Раст од 78,91%

5) Мазут М-1 НС од 33,649 денари/кгр на почетокот на годината, денес изнесува 50,078 денари/кгр; Раст од 48,82%

Заклучоци: Што покажуваат бројките за споредба

1) Најголемо зголемување има кај Екстра лесното (ЕЛ-1): од 64 на 114,50 денари, односно +78,91%.

2) Кај Еуродизелот, растот е +60,77%, што е значително повеќе од растот кај двата бензини.

3) Кај бензините растот е релативно сличен: БС-95: +40,43% , БС-98: +39,31%

Временска отсечка:

Особено значаен скок се забележува во март 2026, кога дизелот се зголемува од 71 денари на 85,50 денари, а потоа на 92 денари; ЕЛ-1 од 70 денари на 82,50 денари, па на 89,50 денари.

Во август/септември повторно има силен раст. Највисоката цена до 22.09.2026 за ЕЛ-1 е токму 114,50 денари, додека дизелот достигнува 104,50 денари.

Што содржи малопродажната цена на горивата (7 елементи на цената на горивата)?

– Највисока набавна цена

– Износ на акциза

– Тришоци за работење преку склад и трговска маржа

– Транспортни трошоци

– Надомест за животна средина

– Надомест за задолжителни резерви и

– ДДВ.

Македонија не може да влијае на изворот на причините за ваквиот раст на цените на горивата. Македонија нема нафта. Но Македонија има нафтовод (продуктовод) во кој е сопственик со 20% учество. Ова и дава за право да учествува во деловната политика на фирмата „Нафтовод“, се разбира со ограничено влијание: https://naftovod.mk

Државата може да влијае на малопродажните цени и преку намалување на давачките кои се додаваат кон набавната цена на бензините, пред се преку пониски акцизи и намалување на стапките на ДДВ (да не го заборавиме и таргетираниот менаџмент со нафтените резерви).

Прибраните давачки од продажбата на горивата се буџетски приход. Во услови на зголемени буџетски расходи по многу основи, просторот за намалување на давачките на горивата е мал.

Преглед на акцизите и стапките на ДДВ на почетокот на 2026 година и на 22.09.2026 година:

1) Еуросуперот БС-95 = 22 денари (ДДВ: 18%) на 01.01.2026 и 18 денари (ДДВ: 18%)

2) Еуросуперот БС-98 = 22 денари (ДДВ: 18%) на 01.01.2026 и 18 денари (ДДВ: 18%)

3) Еуродизелот БС = 15,5 денари (ДДВ = 18%) на 01.01.2026 и 11,5 денари (ДДВ: 10%)

4) Екстра лесното ЕЛ-1 = 15,5 денари (ДДВ = 18%) на 01.01.2026 и 15,5 денари (ДДВ: 18%)

5) Мазут М-1 НС = 0,1 денар (ДДВ = 18%) на 01.01.2026 и 0,1 денар (ДДВ: 18%)

Констатација:

1) Еуросуперот БС-95, намалена акциза за 4 денари (22 – 18), стапката на ДДВ непроменета 18%

2) Еуросуперот БС-98, намалена акциза за 4 денари (22 – 18), стапката на ДДВ непроменета 18%

3) Еуродизелот БС, намалена акциза за 4 денари (15,5 – 11,5), стапката на ДДВ намалена од 18% на 10%

4) Екстра лесното, акцизата непроменета (15,5) и стапката на ДДВ непроменета (18%)

5) Мазут М-1 НС, акцизата непромената (0,1) и стапката на ДДВ непроменета (18%)

Носењето на политиките на овој сегмент не треба да се темели на следните претпоставки:

– Дај Боже да се смири геополитичката тензија

– Очекуваме намалување на берзанските цени

– Не можеме да влијаеме

– Не зависи од нас

– Напорно работиме, да …

– Се одвива транзиција кон нефосилни извори на енергија (а ние како и секаде сме лидери)“, стои во објавата.

Повеќе од истиот автор

Најчитано