Бројни температурни рекорди за месец мај беа срушени вчера во неколку градови во Франција, со оглед на тоа што земјата беше зафатена од топлотен бран. Случајот во Ла Рошел во департманот Шарант-Морит, на југозападна Франција, каде што беа измерени 32,8 степени Целзиусови, јавува телевизијата BFM.
Претходниот рекорд за мај беше забележан во 2002 година, кога беа измерени 32,5 степени Целзиусови.
На неколку километри оддалеченост, во градот Шато д’Олерон, температурата достигна 32,4 степени Целзиусови, надминувајќи го претходниот рекорд од 32,1 степен Целзиусови поставен во 2025 година.
Во Ванде, во Периер, исто така беше многу топло, со 31,9 степени Целзиусови. Последниот мајски рекорд од 31 степен Целзиусов беше забележан во 2022 година.
Рекорди беа срушени и во департманот Кот-д’Армор, на северозападниот дел од Франција, додека во Сен-Бриек беше израмнет само мајскиот температурен рекорд, со 29 степени Целзиусови.
Фото Економија и бизнис








