ФИНАНСИСКИОТ СЕКТОР И ПРЕДИЗВИЦИТЕ СО ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА, Германско-македонска конференција за контролинг

Вештачката интелигенција, дигитализацијата и потребата од нови компетенции сè повеќе го менуваат начинот на кој компаниите управуваат со финансиите и го планираат својот развој. Токму овие промени ќе бидат во фокусот на 7-та Германско-македонска конференција за контролинг, која ќе се одржи денеска во Скопје.

Конференцијата, во организација на Хајделберг Факултетот во Скопје (Heidelberg Business School), ќе обедини академици, експерти од индустријата, финансиски директори и претставници на институциите, со цел да се отворат клучните прашања за иднината на контролингот и финансиското управување.

-Годинешната главна тема е „Актуелни предизвици во контролингот – ВИ, дигитализација и преквалификација (Reskilling)“. На официјалното отворање ќе се обрати Проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Бордот на директори на Хајделберг, а свои обраќања ќе имаат и заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски и директорката на УЈП, Елена Петрова. Посебен акцент на конференцијата ќе биде ставен на искуствата и практиките од Германија и Европа, преку учество на истакнати експерти од областа на финансиите и контролингот, информираат организаторите. 

Програмата опфаќа две експертски предавања и три специјализирани панел-дискусии, насочени кон практичните предизвици со кои се соочуваат компаниите и финансискиот сектор.

Дискусиите ќе опфатат теми поврзани со сметководството, контролингот и технологијата во 2027 година, предизвиците и стратегиите за контролинг во банкарството и осигурувањето, како и примената на современиот контролинг во реалниот сектор и производствените компании. 


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано