ЕУ ГО ЗАБРАНУВА УВОЗОТ НА МЕСО ОД БРАЗИЛ

Европската Унија одлучи да го блокира увозот на некои животински производи од Бразил, вклучувајќи говедско месо, живина, јајца и живи животни, од 3 септември годинава, поради непочитување на правилата на ЕУ за употреба на одредени антимикробни супстанции кај животните што произведуваат храна.

Бразил, како најголем извозник на говедско месо во светот и еден од клучните извозници на животински протеини, објави реакција дека се „изненадени од одлуката на Европската Унија да ја исклучи латиноамериканската земја од листата на одобрени извозници на одредени животински производи“.

Во соопштението се вели дека Бразил ќе ги преземе „сите потребни мерки“ за да ја поништи одлуката и дека веќе е закажан состанок со европските власти за да се побара појаснување.

Портпаролот на Европската комисија во изјава за оваа агенција изјави дека овој потег е поврзан со пошироки правила и дека земјата ќе мора да покаже усогласеност со барањата на ЕУ за употреба на антимикробни средства во текот на целиот животен век на животните од кои потекнуваат извезените производи. Извозот би можел да продолжи откако ќе се потврди усогласеноста, соопшти комисијата, додавајќи дека тесно соработува со бразилските власти по ова прашање, објавија медиумите во светот.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано