Во главниот град на Естонија, Талин, е продаден стан за четири милиони евра, со што е урнат рекордот за најскап стан што е изграден во таа земја.
Станува збор за стан од 340 квадратни метри во блокот станови „Волта Скај“ во Талин, објавува ERR, повикувајќи се на извори на инвеститор во недвижности.
Станот, наречен „Вила Скај“, зафаќа цел кат во зградата, а внатрешната архитектура е дизајнирана според личните желби на купувачот. Станот има тераса со поглед на Стариот град, морето и северен Талин.
Во првите шест месеци од оваа година, во нови згради во Талин се склучени 825 трансакции, од кои 14 вредеа повеќе од еден милион евра, пренесува Политика.
Фото Економија и бизнис








