ЕМИРАТИТЕ ЗАБРЗАНО ГРАДАТ НОВ НАФТОВОД ЗА ДА ЈА ИЗБЕГНАТ ПОМОРСКАТА БЛОКАДА ОД ИРАН

Обединетите Арапски Емирати ќе ја забрзаат изградбата на нов нафтовод за да го удвојат извозниот капацитет преку пристаништето Фуџаира до 2027 година, објави денес владината канцеларија за медиуми во Абу Даби, и на овој начин земјата ќе може во најголема мера да ја заобиколи трасата низ Ормускaта Теснина.

Престолонаследникот Шеик Халед бин Мохамед бин Зајед ѝ нареди на Националната нафтена компанија Абу Даби (ADNOC) да ја забрза имплементацијата на проектот за нафтоводот Запад-Исток. Како што се додава во официјалното соопштение, изградбата на нафтоводот е во тек, а се очекува да започне со работа во 2027 година.

Постојниот нафтовод на Емиратите, познат и како нафтовод Хабшан-Фуџаира, може да пренесува до 1,8 милиони барели сурова нафта дневно и се покажа како клучен бидејќи земјата се стреми да го максимизира директниот извоз од брегот на Оманскиот Залив.

Техеран го прекина сообраќајот низ тесниот воден пат меѓу Иран и Оман како одговор на нападите на САД и Израел што започнаа на 28 февруари, блокирајќи околу една петтина од глобалните испораки на нафта што нормално минуваат низ Азија и други делови од светот.

Кувајт, Ирак, Катар и Бахреин се речиси целосно зависни од Ормускиот премин за испораки на нафта, пренесува Политика.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано