ДОЛГИ РЕДОВИ НА БЕНЗИСКИТЕ ПУМПИ ВО РУСИЈА, Москва би можела да дозволи производство на горива со пониски стандарди

Русија може привремено да им дозволи на компаниите да произведуваат бензин и дизел со понизок квалитет, како и да увезуваат такви деривати, објави дневниот весник „Комерсант“ во понеделник, додека земјата се обидува да го намали недостигот на гориво поради украинските напади врз руските рафинерии.

Повикувајќи се на нацрт-владин документ, весникот објави дека за една година, до јули 2027 година, Русија би можела да дозволи производство и увоз на бензин и дизел според стандардот Евро-2 со значително поголема содржина на сулфур, забранет од 2013 година.

Во неделата рускиот претседател Владимир Путин призна на состанокот со министрите во кабинетот и други функционери дека украинските напади со беспилотни летала предизвикале недостиг на гориво во некои провинции, но дека Русија се справува со тоа.

Недостатокот на гориво предизвика хаос на бензинските пумпи, каде што граѓаните се судираат поради долги редици и чекања, додека рускиот претседател Владимир Путин јавно за прв пат призна дека земјата има проблеми со снабдувањето.

Во последните денови на бензинските пумпи се забележани големи редови, а на социјалните мрежи се шират бројни видеа од тепачки и физички конфронтации меѓу граѓани кои чекаат со часови да наполнат гориво.

На едно видео, две жени се расправаат околу редот на пумпата, додека во друг град е снимен физички конфликт меѓу двајца мажи. Во друг инцидент, жена завршила со крвав нос по расправија која, според локалните медиуми, избувнала токму поради недостаток на гориво,  пренесуваат медиумите.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано