Зачувувањето на стабилноста и сигурноста на нашиот македонски денар е врвен приоритет, напиша денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска на нејзината Фејсбук – страница.
– Денеска одбележуваме 34 години монетарна самостојност и постоење на македонскиот денар, кој успешно се справуваше со бројни предизвици и се изгради во стабилна и сигурна валута. Зачувувањето на таа стабилност и сигурност на нашиот македонски денар е врвен приоритет и темел на обезбедување економска стабилност – пишува во објавата.
Затоа, додава министерката Димитриеска-Кочоска, Министерството за финансии е особено посветено на одржување на макроекономската и фискалната стабилност како основа врз што се гради повисок економски раст, повеќе инвестиции и подобар животен стандард за граѓаните.
Фото Економија и бизнис





