DHL го проширува капацитетот за меѓународна експресна логистика во Кина

Инвестиција од 177 милиони евра во Shenzhen Gateway и нов интерконтинентален лет ги зголемуваат капацитетите за клиентите кои тргуваат со Кина
DHL го проширува капацитетот за меѓународна експресна логистика во Кина

DHL Express ја прошири својата логистичка инфраструктура и воздушна мрежа во Кина, дополнително зајакнувајќи ја способноста да ги поддржува клиентите кои работат и тргуваат на еден од најголемите светски производствени и потрошувачки пазари.

Компанијата неодамна го прошири својот „Super Gateway“ центар во Шенжен со инвестиција од 177 милиони евра, што претставува најголема инвестиција на DHL во континентална Кина досега. Дополнително, DHL воведе нова наменска воздушна линија авионот  Boeing 767, која ги поврзува Шангај, Бангкок, Бахреин и Брисел, обезбедувајќи дополнителен капацитет и поврзаност за клиентите кои транспортираат стоки меѓу Кина и клучните пазари во Азија, Блискиот Исток и Европа.

Овие инвестиции ја одразуваат посветеноста на DHL за поддршка на клиентите во услови кога глобалните трговски модели постојано се менуваат. Иако синџирите на снабдување стануваат сè поразновидни, Кина останува важен центар за производство, набавка, иновации и потрошувачка, со значајна улога во меѓународната трговија и регионалните синџири на снабдување.

„Глобалните синџири на снабдување продолжуваат да се приспособуваат на променливите економски услови, геополитичките предизвици и еволуцијата на барањата на клиентите“, изјави Џон Пирсон, извршен директор на DHL Express. „Нашиот фокус е да обезбедиме клиентите да располагаат со флексибилни, сигурни и висококвалитетни логистички мрежи што ќе им овозможат поврзување со добавувачи, производствени локации и потрошувачи ширум светот.

Овие инвестиции ги зајакнуваат врските меѓу Кина и глобалните пазари и ја потврдуваат улогата на DHL како прв избор за меѓународна е-трговија и брзорастечки сектори како логистика за дата-центри и полупроводници, животни науки и здравство, како и нова енергија.“

Проширениот Shenzhen Super Gateway, лоциран на Меѓународниот аеродром Баоан во Шенжен, го зголеми капацитетот за обработка трипати, достигнувајќи приближно 900 тони дневно. Објектот опслужува еден од најзначајните производствени и извозни региони во Кина и ги поддржува растечката прекугранична трговија, пратките од е-трговија и меѓународните експресни услуги со точно дефинирани рокови на испорака. Центарот ќе отвори и повеќе од 1.000 нови работни места и дополнително ќе ги зајакне можностите на DHL во Јужна Кина.

Како дополнување на ова проширување на капацитетите за обработка на пратки во континентална Кина, DHL Express воведе нова дневна товарна линија со Boeing 767 на рутата Шангај – Бангкок – Бахреин – Брисел – Шангај, со што се додаваат до 50 тони дневен капацитет.

Овој лет ги зајакнува врските меѓу Кина, Југоисточна Азија, Блискиот Исток и Европа, обезбедувајќи им на клиентите поголема флексибилност во распоредот и поголем транспортен капацитет за потешки пратки по клучните трговски рути. Дополнителните капацитети на пренос ја поддржуваат и растечката понуда Heavyweight Express, овозможувајќи транспорт на поголеми пратки преку меѓународната мрежа на DHL Express со услуга „од врата до врата“, експертиза за царински процедури и предвидливи транзитни времиња.

Побарувачката расте особено кај компаниите од секторите за технологија, индустриско производство, полупроводници, здравство, инфраструктура за дата центри и новаенергија, кои во голема мера зависат од производствените и добавувачките мрежи во Кина и поширокиот азиски регион.

Како водечки светски давател на логистички решенија кој поврзува повеќе од 220 земји и територии, DHL продолжува да инвестира во инфраструктура и транспортни капацитети. Овие инвестиции им помагаат на клиентите да се справат со променливите барања на синџирите на снабдување, да пристапат до меѓународните пазари и да изградат поголема отпорност во своето работење. Најновите инвестиции во Кина се надоврзуваат на значајните вложувања на компанијата во региони кои имаат корист од промените во глобалната трговија, како што се Африка, Блискиот Исток, Латинска Америка и Индија.

Повеќе од истиот автор

Најчитано