Поради отстранување дефект на затварачи на водоводна линија, утре од 9 до 22 часот без вода ќе бидат објектот на МАНУ, Основен суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека, Универзитет „Свети Кирил и Методиj”, трговскиот центар „Мавровка“, дел од Турската чаршија, Саат Кула, улиците „Петар Ѓеоргиев“, „Отокар Кершовани“, „Адвокатска“, дел од булеварот „Крсте Мисирков“, Крњево, МРТ, трговскиот центар „Ист гејт“, Автокоманда – ниска зона до Камник. Ќе има намален притисок или прекин на вода.
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје најави дека ќе се работи на отстранување дефект на затварачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и Кеј „Димитар Влахов“.
Фото Економија и бизнис








