Поради дефект во шахта, прекинато водоснабдување имаат корисниците на улицата 11 Октомври, потегот од булевар Кочо Рацин до Тутунски комбинат, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето било прекинато од 9:10 часот и како што се наведува во соопштението, ќе потрае до завршување на работните активности.








