Цените на нафтата на светските пазари во вчерашното тргување паднаа за повеќе од шест проценти по сигналите за можен напредок во преговорите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Тоа ги поттикна очекувањата дека снабдувањето со нафта од Блискиот Исток може постепено да се обнови, објави „Трејдинг економикс“.
Цената на нафтата Брент падна на околу 105 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI ослабе на околу 98 долари за барел.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави се во завршна фаза од разговорите со Иран за прекин на конфликтот, што го зголеми оптимизмот на инвеститорите во врска со стабилизацијата на енергетскиот пазар.
Од друга страна, податоците покажаа дека залихите на сурова нафта се намалија четврта недела по ред, додека стратешките резерви на нафта на САД се намалија за 10 милиони барели на годишно ниво.
Фото Економија и бизнис








