ЦЕНИТЕ НА ДИЗЕЛОТ МОЖЕ ДА ОСТАНАТ ВИСОКИ ДО 2027 ГОДИНА, предвидувања на американската инвестициска банка

Цените на дизелот може да останат високи до 2027 година, бидејќи ограничените капацитети на рафинериите тешко можат да одговорат на обновата на побарувачката и исцрпените залихи, според американската инвестициска банка Голдман Сакс.

Разликата помеѓу цената на рафинираните нафтени производи и цената на суровата нафта на глобално ниво, за дизел и авионско гориво, би можела да достигне просек над 40 долари за барел (околу 34,5 евра) следната година, што е повеќе од двојно од вообичаеното ниво од околу 20 долари (17,3 евра), објави CNBC.

Глобалната енергетска криза, предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, влезе во нова фаза поради недостиг на танкери за транспорт на сурова нафта низ целиот свет, изјави шефот на најголемата независна компанија за трговија со нафта во светот, пренесува Сеебиз.

Европските рафинерии се особено погодени од високите трошоци за сурова нафта и транспорт, а маржите на рафинирање – профитот од претворањето на суровата нафта во горива – неодамна станаа негативни. Спротивно на тоа, маржите во САД, каде што рафинериите имаат лесен пристап до домашни залихи на сурова нафта, сè уште надминуваат 70 долари за барел.

Бидејќи европските рафинерии се борат да остварат профит, тие веројатно ќе го намалат производството, што дополнително ќе ги влоши проблемите со снабдувањето со горива како дизел, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано