Министерството за индустрија, претприемништво, трговија и иновации на Косово денес објави дека максималната цена на дизелот е 1,77 евра за литар, што е за три центи помалку во однос на претходните денови.
Цените на бензинот остануваат непроменети во споредба со претходниот ден, па граѓаните ќе плаќаат 1,50 евра за литар бензин, додека цената на гасот е 0,60 евра за литар.
Од почетокот на војната на Блискиот Исток, дизелот ја достигна својата највисока цена во Косово на 9 април, кога еден литар чинеше 1,91 евро.
Фото Економија и бизнис








