БУГАРИЈА СО БУРГАС Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈЕВТИНА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ЛЕТЕН ОДМОР!

Бугарија целосно ги изненади европските туристи и се искачи на врвот на листата на најприфатливи места за одмор.

Според новата анализа на британската платформа TravelSupermarket за сезоната 2026, бугарскиот регион Бургас официјално е прогласен за најевтина дестинација за одмор со вклучени сите трошоци за престој.  Со ова Бугарија го надминаа дури и Тунис, кој го држеше првото место минатата година.

Цените на пакетите, кои во некои услови се пониски од 300 евра по лице, привлекоа посебен интерес. Британските туристички експерти истакнуваат дека токму бугарскиот брег на Црното Море доживеа вистински туристички бум оваа година, пренесуваат медиумите во регионот.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано