Во јуни оваа година, во споредба со истиот месец минатата година, цените на горивата во Европската Унија беа повисоки за 13,7 проценти.
Ова е значително забавување на зголемувањето на цените на горивата на годишно ниво, со оглед на тоа што во мај зголемувањето на цените беше 20,8 проценти, а во април беше 20,7 проценти, покажуваат податоците на Евростат.
Во јуни, најголемо зголемување на цените на горивата на годишно ниво имаше во Бугарија – 26 проценти, по што следуваат Литванија (23,5 проценти) и Романија (32,1 процент).
Најниско зголемување на цените на горивата во јуни имаше во Унгарија, само 2,3 проценти во споредба со јуни 2025 година, и во Полска – 5,8 проценти.
Во споредба со претходниот месец мај, цената на дизелот во ЕУ се намали за 6,4 проценти во просек, а на бензинот за 4,2 проценти.
Дизелот поевтини во сите членки на ЕУ, а најмногу во Чешка – 11,3 проценти, Полска за 9,7 проценти и Бугарија за 9,4 проценти. Најмало намалување на цената имало во Унгарија – 0,6 проценти.
Во јуни, во споредба со мај, цената на бензинот се зголемила само во Кипар и Италија, додека во другите земји се намалила. Најмногу во Шведска (7,8 проценти) и Белгија (седум проценти).
Фото Економија и бизнис








